Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишен охриѓанец.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на први јули оваа година, при реализирани акциски мерки за лица кои вршат незаконит риболов, пријавениот, во близина на еден хотел на Охридското крајбрежје е забележан како од водите на Охридско езеро вади рибарска мрежа.

По извршена контрола на пловниот објект, полициските службеници забележале рибарска мрежа во должина од 20 метри со  улов на околу 3 килограми разновидна риба. Пронајдените предмети, по претходно известување до Јавен обвинител се одземени.