СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела „тешка кражба“.

Кражбите ги извршил во текот на оваа година на повеќе локации во Охрид, користејќи подесен алат и физичка сила, по што од станови и куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист од 392.500 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Пријавениот бил баран и поради бегство од затвор и по приведувањето бил вратен во казнено поправната установа затвор Струга за издржување на затворска казна.

OhridNews