Британската полиција задржала на разговор човек осомничен за убиства на 5 проститутки во источна Англија. 37-годишниот продавач во супермаркет, Том Стивенс, беше уапсен во врска со смртта на сите пет жени, чии тела беа пронајдени на различни места во период од 11 дена. Денешниот драматичен развој на настаните го објави началникот на истрагата, Детектив Стјуард Гул: „Стивенс е моментално во притвор, во полициската станица Сафолк, каде што денес попладне ќе биде испрашуван во врска со случајот“

До апсењето дошло после бран јавувања од јавноста. Смртта на петте проститутки поттикна истрага од невидени размери во поновата британска историја. Снимките од јавните камери на железничката станица на кои се гледа како една од подоцна убиените жени влегува во возот, водела до апсењето.

18.12.2006
Euronews