Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Пријавениот е фатен во тек на извршување на кражба во стан на улица „АСНОМ“ во Охрид.

Кривичните дела ги извршил во периодот од 11 јануари до 28 февруари оваа година во пет куќи и два стана во Охрид. Со употреба на сила влегувал и одземал телевизори, златен и сребрен накит и други вредни предмети.

На тој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 275.000 денари.

OhridNews