Човекот познат по ограбувањето банки под маска со ликот на американскиот претседател Барак Обама бил уапсен, набрзо после најновото разбојништво, соопштила австриската полиција. Осомничениот, за кој се верува дека од 2008 година ограбил шест банки во покраината Горна Австрија, секогаш во своите акции ја носел маската со ликот на Обама.


пред неколку дена крадецот, кој медиумите го нарекле „крадецот Обама“, со закана под оружје ограбил уште една банка недалеку од градот Феклабрук, по што побегнал со автомобил, стои во соопштението на полицијата.