Поради основано сомнение дека е сторител на две кривични дела „Тешка кражба“  СВР Охрид поднесе две кривични пријави против лицето Р.Т. роден 1988 година од Охрид.

Пријавениот, со намера да стекне противправна имотна корист, на ден 31.12.2008 година, користејки ја отворената влезна врата, влегол  во куќа на улицата ,,Сирма Војвода,, од каде по извршеното пребарување, противправно одзел златен накит во вредност од околу 100.000 денари.

Одкако бил забележан од сопственикот на куќата, пријавениот успеал да избега. Одземениот накит, тој го продал во златара во Скопје и во Охрид.

На ден 22.01.2009 година Р. Т.  извршил уште едно кривично дело ,,Тешка кражба,, Истиот, околу 22 часот и 15 минути, на булеварот ,,Јане Сандански,, од минувач, од зад грб насилно одзел ташна со што се стекнал со противправна имотна корист од 11.200 денари.

Набрзо по неговото бегство од местото, Р.Т. беше пронајден од полициските службеници, приведен во СВР Охрид и лишен од слобода.

извор: СВР Охрид