Охридските полицајци деновиве фатиле крадец на дело. Покрај ова на подрачјето на СВР Охрид во текот на изминатата недела, регистрирани  се  и две кривични дела,,Тешка кражба“ три кривични дела ,,Кражба“ едно кривично дело ,,Изнуда“ едно кривично дело ,,Телесна повреда“ и пет кривични дела ,,Оштетување“. Јавниот  ред и мир е нарушен во шест случаи,  а евидентирана е една сообраќајна незгода   во која е  предизвикана помала  материјална штета, соопшти полицијата.

На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани  се едно кривично дело ,, Тешка кражба“  и едно кривично дело ,,Кражба“. Во истиот период регистрирана е една сообраќајна незгода  со предизвикана  материјална штета.

Извор СВР

ohridnews