На 26.04.2008 година во 04,00 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“ бр.46, Ш.Џ.(1963) од Струга извршил тешка кражба во објект каде е сместено седиштето за продажба на мобилни телефони „Антарнас ВИП“, при што одзел: четириесет и два (42) мобилни телефони различни марки, еден дигитален фотоапарат марка „Практика“, еден МП-4 плеер, еден МП-3 плеер, два УСБ и еден полнач за телефон, со што причинил материјална штета од околу триста и седумдесет илјади (370.000,00) денари.
Ш.Џ. тешката кражба ја извршил на тој начин што со подесен предмет го скршил стаклото од влезната врата на дуќанот, влегол внатре и ги одзел горенаведените предмети. Во тој момент покрај дуќанот поминувал граѓанин, кој го забележал извршувањето на кривичното дело, при што пријавил во ПС-Струга. Службени лица од ПС-Струга излегле на лице место, каде го затекнале и привеле Ш.Џ. и против истиот ќе бидат превземени соодветни закноски мерки.
ohridnews