Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера во 14:40 часот на локалниот пат меѓу струшките села Велешта и Долна Белица лишиле од слобода 56-годишен државјанин на Република Албанија, затекнат при извршување кражба на плац за автоделови, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Одземените предмети, како што се посочува, биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.