По шестмесечно бегство, во Албанија е приведен Бојан.П., главниот осомничен за двојното убиство што се случи во ресторанот „Император“ во Охрид. Информацијата за неговото апсење вечерва ја потврди СВР Охрид.

На 22- ри август минатата година, со истрели од огнено оружје Бојан П. смртно застрела две лица на летната тераса од угостителскиот објект „Император“, по што се даде во бегство. 

По него беше распишана меѓународна потерница, а приведен е во Албанија. Веднаш по убиството беше приведено уште едно лице кое за време на немилиот настан било со главниот осомничен.

Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

OhridNews