При полициска контрола во автобус на „Галеб“ во Кичево во саботата, приведен е еден албански државјанин.

По извршениот информативен разговор на приведениот му е откажан престојот во Република Македонија и изречена му е мерка  „Забрана за влез во РМ“ во траење од една година.

Албанскиот државјанин ќе биде депортиран во Р.Албанија преку ГП „Ќафасан“, информираше МВР, без да соопшти други детали за случајот.

ohridnews