Според информациите на полицијата до несреќата дошло кога возилото Цитроен Ц4 со скопски регистарски таблички управувано од Ѓоргеска поради неприлагодена брзина излетало од патот и удрило во бетонска ограда. Од силината на ударот возачот починал на лице место.
Истражен судија, заменик јавен обвинител и екипа на крим техника при полициската станица во Струга извршилe увид на местото на несреќата.