По Шарлиз Терон, Fast 8 најновиот филм од култната акциона франшиза кој моментално се снима на повеќе локации ширум светот доби уште една Оскаровка во актерската екипа.

Хелен Мирен е најновата актерка која е одбрана да биде дел од Fast 8, филмот во режија на Ф. Гери Греј.


Мирен не само што е фан на франшизата, таа е огромен фан на брзите автомобили, а покрај неа и Терон во Fast 8 ќе ги видиме Двејн Џонсон, Вин Дизел, Скот Иствуд, Мишел Родригез, Курт Расел, Елса Патаку и Ева Мендез.

Хелен Мирен во 2007-ма година го освои Оскарот за најдобра главна женска улога за перформансот во филмотThe Queen.

Премиерата на Fast 8 е закажана за 12-ви април следната година.

OhridNews
Извор:„Идивиди“