Сто и шеснаесетте кооперанти кои повеќе години соработуваат со “Лабрадор”, денес ги предадоа произведените количини млеко не приклучуваќи се на најавениот протест.
Според менаџерскиот тим на “Лабрадор” откупеното млеко редовно се исплатува, просечната цена по литар изнесува 20 денари, а за минатиот месец исплатена е најниска цена од 19 , а највисока од 22 денари . Оваа цена сметаат дека е соодветна на квалитетот на откупеното млеко односно одговара на постојниот правилник за квалитетот на сировото млеко.
Од Млечната индустрија “Лабрадор” имаат потполно разбирање за потешкотиите со кои се сретнуваат фармерите, но нагласуваат дека со се поголеми трошоци во работењето, се поизразена конкуренција и пред се постојан притисок на увозните производи, се сретнуваат и млекопреработувачите. Оттаму таканаречената млечна криза не ги погодува само фармерите туку се поизразито ја чувствуваат и млекопреработувачите.