Во американската држава Мичиген пронајден е дел од скелет од мамут кој живеел пред повеќе од 15 илјади години, пренесуваат агенциите. Тим палеонтолози од универзитетот Мичиген оваа седмица ископаа 20 проценти од скелетот на животното, дел од карличната коска, черепот, бројни пршлени, ребра и зглобоците од рамената. Ова откритие би можело да даде нови податоци за тоа кога човекот стигнал на американскиот континент.

 

Еден од научниците кој работи на ископините вели дека се верува дека човекот престојувал на тоа подрачје, дека го распарчил месото од мамутот и го сокрил како подоцна би се вратил по храната. На коските од мамутот наишол локален фармер, сопственик на поле со соја на кое се пронајдени фрагментите, додека со пријателите копал за гасовод. Мамутите од Северна Америка исчезнале пред околу 12 илјади години. Во Мичиген досега се пронајдени остатоци од 30 мамути.