Некогашниот редовен учесник во Лигата на Шампиони, Штутгарт минува низ тежок период на резултатски план. „Швабите“ на гостувањето на „Бај Арената“ кај тимот на Баер Леверкузен претрпеа нов пораз (2-0) и останаа заковани на последната позиција на табелата во Бундес лигата.
Ниту „фармацевтите“ не бележат некои посебни резултати, но за разлика од Штутгарт, на кој му се заканува испаѓање од елитата, добро се држат и котираат на средината од елитното друштво во Германија. Триумфот, домаќините го обезбедија во рок од седум минути. благодарение на Кевин Ноланд. Фудбалерот за 1-0 погоди во 76-та, а водството го дуплираше во 83-та минута.
Натпреварот на „Бај Арената“ означи почеток на 12-та рунда во Бундес лигата, која стандарно се игра во два термини в сабота и в недела.
OhridNews