Ракометарите на Еурофарм Работник ја стопираа позитивната серија на Охрид во Супер лигата победувајќи во дербито од врвот на табелата со 31-21 (15-13) во рамките од осмата рунда.
„Гладијаторите“ повеќе од рамноправен противник на „фармацевтите“ им беа едно полувреме. Домаќините во вториот дел уфрлија брзина погоре, Охрид не го издржа темпото и претрпе пораз после шест победи во серија.
Во тимот на Еурофарм Работник голгетерски се истакна Милан Ѓукиќ кој реализираше 11 голови, а по него следеа Никола Марковски со шест погодоци и Гоце Ојлески со пет голови. Во екипата на Охрид, Дарко Георгиевски со пет погодоци беше најдобар стрелец, а Бобан Блажески и Лазар Петровиќ застанаа на четири.
Последната рунда од првата етапа во Супер лигата ќе се заокружи во среда. Охрид ќе се судри со Пелистер на домашен терен.
OhridNews