Популарниот музичар Фарел Вилијамс, кој минатата година ја освои публиката ширум светот со хитот “Happy”, ќе ја објави во септември првата од четири планирани книги наменети за најмладите читатели. Книгата која ќе содржи голем број слики, ќе биде достапна од 22 септември, а инспирирана е токму од песната “Happy”, па во неа ќе се најдат фотографии на деца ширум светот кои ќе го прикажуваат она што за нив значи среќа.
Издавачката куќа „Penguin Young Readers“ првото издание ќе го печари во 250 илјади примероци. Вилијамс рекол дека неговата соработка со издавачката книга му овозможува да го продолжи дијалогот со децата кои одлично реагирале на песната “Happy”, на нов освежувачки начин. Заедно со издавачите биле посветени на тоа да ја задоволат љубопитноста на младите умови со креативност. Минатата година во април Вилијамс напишал „социјална книга“ под наслов „Инспирација“, која била објавена на Интернет, а во која некои зборови биле избришани како читателите би ги смислувале сами.