Составот на Севиља ја освои титулата во најмасовното клупско натпреварување во Европа. Шпанците во финалето од завршниот турнир од Лигата на Европа после фантастичен натпревар го совладаа италијанскиот калчолигаш 3-2 (2-2).
За Севиља ова е шести трофеј во Лигата на Европа, додека постот на Интер за трофеј во европските купови продолжи уште една сезоната.
Атомскиот фудбал кој го пружија двете екипи во првото полувреме донесе четири погодоци. Резултатот го отворија италијаните со голот на Ромелу Лукауку од белата точка. Лук де Јонг со два погодоци успеа да донесе водство за Севиља. Првиот го постигна во 12-та, а вториот во 33-та минута. До крајот на првиот дел Диего Годин ја затресе мрежата на Севиља и донесе ново изедначување.
Во второто полувреме отворената игра продолжи, но „намалија“ на головите. Шанси имаше на двете страни, а победничкиот погодок на Севиља беше комбинација од ремек дело и среќа. Андулузијците во 74-та минута со голема помош од Лукаку по трет ја погодија мрежата на Интер. Ударо со ножички на Диего Карлос не одеше кон голот на Хандановиќ, но Лукаку несрпретно реагираше и ја смести топката во сопствениот гол. Во преостанатите 15-тина минути и судиското продолжение, Интер креираше шанси но не успеа да погоди за реми и продолжение.
Финалето од Лигата на Европа беше претпоследен натпревар во сезоната која ќе се памети поради кризата од ковид 19. Официјален крај на сезоната ќе означи финалето во Лигата на Шампиони, кое ќе се одигра в недела. Силите ќе ги одмерат Баерн Минхен – Пари Сент Жермен.
OhridNews