Кабаре шоуто „Two Mothers Brothers“ Vol.2 составено од охридските актери Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски на најдобар можен начин со фантастична изведба во Џез Ин го одбележа трeтиот роденден.


Токму во култниот охридски локал Џез Ин започна приказната за кабаре шоуто „Two Mothers Brothers“. Премиерата на Vol.2 беше во Германија, а заедно со Vol.1, Тодоровски и Стаматоски имаат настапено 80 пати на различни места.


Охридското дуо во кабаре шоуто „Two Mothers Brothers“ Vol.2 има опфатено повеќе актуелни теми, кои од срце ги насмеаја присутните во Џез Ин.

OhridNews