Фудбалерите на Барселона со фантастичен пресврт обезбедија победа во дуелот со Гранада (5-3) и пласман во полуфиналето во Купот на Шпанија.
Каталонците со головите на Гризман во 88-та и на Жорди Алба во 90-та минута ја анулираа предноста од 2-0 на домаќините и мечот отиде во продолженија. Гризман со вториот погодок на натпреварот донесе водство 3-2, но Гранада не се предаде и врати за 3-3. Барселона преку Де Јонг и Жорди Алба постигна нови два погодоци и слашве со 5-3.
Покрај Барселона, во топ 4 прогрес обезбедија Севиља и Леванте. Полуфиналистите ќе се комплетираат од победникот во дуелот Бетис – Атлетик Билбао. Ждрепката за 1/2 финалните пресметки е во петок во Мадрид.
OhridNews