Фудбалската федерација на Македонија официјално ја пушти во употреба електронската верзија на продавница за дресови и сувенири од фудбалската репрезентација на Македонија.
Преку www.fanshop.ffm.mk можете да го порачате оригиналниот дрес на нашата репрезентација, а истиот ќе биде доставен до вашата домашна адреса.
Наскоро во понудата освен основните производи ќе може да се најдат маички, тренерки и друга спортска опрема со обележјата на македонската репрезентација како и шалови, капи и останати производи.
Во пресред на новогодишните и божиќните празници дресот на македонската репрезентација од германскиот производител на спортска опрема Јако може да го купите по промотивна цена.
„ФФМ“