Илјадници фанови на музичката легенда се собрале во близина на неговиот дом во Грејсленд,  а неговите најжестоки поклоници пристигнувале со денови порано за да му оддадат почит на денот на неговата смрт, 16 август. Тој починал од предозираност со медикаменти и проблеми со дигестивниот систем на 42 години.


Присли започнал да пее на 13 години, а досега се продадени повеќе од милијарда негови носачи на звук, што е повеќе од било кој изведувач во историјата. Дека спомените на него живеат сведочат илјадниците обожаватели кои секоја година на овој датум го посетуваат неговиот дом.