Холивудската актерка моментално престојува на Тајланд каде ужива со својата најдобра пријателка. Џесика Алба објавила фотогорафија на која заедно со Лорен Андерсен скокаат во бикини, а фановите веднаш забележале дека е премногу слаба. Таа под фотографијата напишала „Скок на радоста“.

 

Но, освен што на сите кои ја следат на социјалните мрежи им дала до знаење дека се забавуваат одлично, нејзините обожаватели успеале да забележат уште нешто. На актерката која е во бикини и се оцртуваат сите ребра, па многумина прокоментирале дека е премногу слаба. Алба, која е мајка на две деца, често на Инстаграм поставува фотографии на кои вежба.