В сабота на 8 јуни, симпатизерите на италијанскиот калчолигаш Интер од Македонија во Охрид ќе организираат турнир во мал фудбал, кој ќе се одржи во СРЦ „Климент Колески“.
Турнирот и дружењето на фановите од Интер е традиција во Македонија, а за прв пат сите симпатизери ќе се соберат во Охрид.
- Секоја година организираме турнир во мал фудбал помеѓу членовите како еден вид за дружење помеѓу фановите на Интер од целата земја. Години наназад турнирот го организиравме во Скопје, а оваа година одлучивме да промениме и Охрид да биде градот домаќин. Ќе продолжиме со тендицијата да ги менуваме градовите домаќини се со цел дружење и меѓусебно запознавање со фановите од целата земја. – изјавија од официјалното друштво на Интер од Македонија.
Мечевите и дружбата в сабота почнува во 12 часот.
OhridNews