Популарната тенисерка Еугени Бушард успеа да собере фантастични 85.000 долари за добротворни цели, откако еден фан реши да ја плати таа сума за да има вечера со атрактивната Канаѓанка.
26-годишната Бушард, која по краткиот блесок на тениските терени стана попозната како Инстаграм ѕвезда постави на аукција „пакет“ за гостување на еден нејзин тениски турнир и вечера во соработка со американската добротворна организација „15 секунди слава“. Аукцијата почна од 2.500 долари, но беше комплетирана за фантастични 85.000 долари.
Ова не е прв ваков случај за Канаѓанката, која во 2017 година излезе на состанок со еден фан по загубен облог за НФЛ Супер болот. Неодамна таа доби огромен број на понуди за состанок откако напиша дека и е потребно „момче за карантин“.
OhridNews