Во новото собрание фамилијата Костовски ќе биде преставена преку швајцарската фирма „Гофи“, која како колективен член во собранието на „црвено-црните“ има 15 члена од вкупно 29, или 51 процент.
Навивачите претставени преку иницијативниот одбор за спас на клубот и Јордан Камчев со фирмата „Мода енд“ имаат по 7 индивидуални члена. Во новиот Вардар нема место за поранешниот претседател Борче Ристевски но и за екс-спонзорот Слободан Вујчиќ.
– Сакаме клубот што е бренд за Македонија да се промовира како таков и надвор од нејзините граници. Ќе ни треба време, трпение и поддршка од сите за да успееме – рече Трифун Костовски кој вети годишен буџет од еден милион евра за црвено-црните.
Костовски најави повлекување на “Кометал“ од актуелниот освојувач на двојната круна, Работнички.