Градските полицајци во Агуаскалинест, на северозапад во Мексико, ќе мора во својот новчаник да имаат фотографија од својата фамилија, како не би дошле во искушение да ја злоупотребат власта или да подлегнат на корупција, изјавил вчера градоначалникот.


„Секој полицаец ќе мора да има фотографија од фамилијата во новчаникот. Секогаш кога ќе го отвори ќе ја види својата фамилија, и злото што би им го нанел во случај на незаконско однесување“ – објаснил градоначалникот Габриел Ариелано на средбата со новинарите.

Целта е 1600 градски полицајци да се засрамат кога не ќе направат тоа што им е должност – додал тој.

Од почетокот на 2008 година, 67 полицајци од Агуаскалинест се суспендирани поради кршење на интерниот правилник, а за 20 од нив е покрената истрага.