Поради кризата која го зафати светот и која во Америка ги натера многумина да ги продадат недвижностите, на тој чекор се одлучила и фамилијата која живее во куќа изградена во пештера. Куќата се наоѓа во предградие на Сент Луис, а продажбата е објавена на E-bayu со почетна цена од 300.000 долари.
Курт и Дебра Слипер го купиле имотот со пештерата во 2004 година кога го виделе огласот на интернет. Во пештерата која некогаш била рударско окно изградиле трособна куќа.
Слиперови наскоро мораат да издвојат поголем износ со кој треба да ја доплатат куќата, но не се сигурни дали тоа ќе им успее. Ако успеат да соберат пари нема да ја продадат куќата.