„Фамилија – род – семејство“ е тема на годинашната ревија на народни носии што на 17 септември ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.
Пред публиката, како што информира раководителот на КУД „Илинден“ Љупчо Милошески, ќе бидат претставени 11 колекционери на народни носии и едно културно уметнички друтво.
На сцената ќе видиме над 40 ревијалци во народни носии од повеќе етнички предели на Македонија, изјави Милошески.
По седум годишна пауза Ревијата на народни носии во Струга повторно почна да се организира лани.
Тргнувајќи од темата „Фамилија – род – семејство“ секој ревијалец – учесник треба да се претстави со најмалку три народни носии, посочи Милошески.
Уметничкиот совет на манифестацијата е составен од директорката на Центарот за култура Николина Велкоска – Глигороска, професорот Владимир Јаневски и раководоителот на КУД „Илинден“ Љупчо Милошески.
Ревијата на народни носии во Струга е поддржана од Министерството за култура, а влезот за посетитлеите е бесплатен.
OhridNews