Здружената алијанса на туристички оператори од Македонија во струшкиот хотел „Изгрев“ остварија средба со повеќе претставници од авио компанијата „Ербалтик“ од Рига-Латвија и 10 други тур оператори од Латвија, Естонија и Литванија.

Целата на состанокот беше евалуација на фам информативното туристичко патување низ земјава, наменето за повеќе претставници од авио компанијата „Ербалтик“ од Рига-Латвија и тур операторите од Литванија, Латвија и Естонија со кое, тие ги запознаа убавините на Македонија. Фам информативното патување, отпочна на 10-ти и ќе трае до 14-ти овој месец кога е предвидено, претставниците на странските тур оператори да посетат и други значајни туристички дестинации во Македонија, информираат од Алијансата.

„Фибула Травел Македонија“, „Симониум травел“ и „Балкан прајм турс“, ќе соработуваат за посилна промоција на Македонија и на охридско-струшкото крајбрежје како атрактивна туристичка дестинација што доаѓа по неодамна воспоставената редовна авио линија Рига-Скопје на која, според постигнатиот договор, ќе се лета до ноември годинава, со можност да биде продолжена и понатаму.

OhridNews