Забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки, предупредува банката.

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од мејлот [email protected] со предмет: Известување за девизен прилив. Од нив се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.

Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВАРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА [email protected] за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен,   побарајте помош од ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. – стои во соопштението од банката, од каде велат дека се преземаат сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.

OhridNews