СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(24) од с.Лабуништа-струшко за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од кои едно во обид и за „фалсификување исправа“.

Во периодот од јануари до март 2009 година, на оригинална возачка дозвола на име на лице од с.Лабуништа вметнал своја фотографија и лажни податоци од друго лице, по што дозволата ја употребил во фирма во Струга и со фалсификувана виза електронска картичка неовластено навлегол во компјутерскиот систем на Стопанска банка стекнувајќи се со имотна корист од 500 денари. На истиот начин пријавениот се обидел во фирма од Охрид со фалсификувана картичка преку пост-терминал на споменатата банка да купи лап-топ компјутер, но бидејќи трансакцијата била неуспешна, се откажал во намерата.

Ohridnews