Италијанската полиција открила група фалсификатори на Ферари и запленила десетина фалсификувани автомобили.
Во работилница во Сицилијанското место Личата полицијата пронашла потполно опремена копија на Феррари Ф360 која требало да биде продадена за 20. 000 евра.
Цената на оргиналното возило изнесува повеќе од 100.000 евра.
Во Милано и во уште неколку италијански градови се запленети шест возила и седум недовршени копии на Ферари.
Освен тоа пронајдени се и оргинални резервни делови, а полицијата смета дека тие служеле како урнек за изработка на фалсификатите.
Против осуммина припадници на на групата, меѓу кои е и еден трговец со автомобили, полицијата покренала истрага за измама, фалсификување и затајување .
ohridnews