Репрезентативецот на Колумбија, Радамел Фалкао уште на стартот се покажа како вистинско засилување за Галатасарај, откако го постигна единствениот погодок на мечот со Касимпаша. Расниот голгетер погоди во 38-та минута а одбраната успеа да ја задржи минималната предност за старт со победа во новата сезона.

Доаѓањето на Фалкао приреди бум помеѓу навивачите на Галатасарај. На презентацијата од Колумбиецот присуствуваат 30 000 гледачи, што е рекорд последниве години.

OhridNews