За академците заврши “слаткиот“ студентски живот и сега на нив се чека да го направат светот подбро место за живеење.
Но токму сега почнуваат и првите препреки во животот. Новите академци како и сите остатнати ќе се соочат со серија прашања. Како до работа по струка? Дали ќе успеат да го наплатат високото образование? Или пак да продолжат со пост -дипломските студии?
– Не се одлучив за пост димплоски студии поради цената на чинење на истите, академците се вработуваат по струка, примањата се горе долу солидни, но напредокот во кариерата е ѓаволски тежок, што е и прва лекција на факултетот за туризам – вели Горан кој како редовен студент го заврши факултетот.
Системот кај нас не дозволува развој бидејќи се’ се случува стихијно и без некоја стратегија, како што тоа е во земјите каде туризмот е една носечките гранки во општеството.
Охрид по правило треба да биде лидер во развојот на туризмот и во имплементирањето на новите трендови.
Но, дали тоа и реално се случува ??