До најсјаните одличја во исклучителна конкуренција стигна женската ракометна екипа на ФТУ-Охрид, како и машката фудбалска екипа која исто така го освои првото место на игрите. Успехот го надополнуваат и второто место во пинг понг поединечно, како и третото место во пинг понг-дубл. На спортските игри во Охрид што се одржаа на терените на СРЦ „Билјанини низвори“ и на други спортски локации, учествуваа екипи од универзитетите „Св.. Климент Охридски “од Битола и „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Извонредните спортски резултати на студентите само се надоврзуваат на успехот што Факултетот за туризам и угостителство од Охрид го има на образовно поле, каде со години оваа високообразовна установа е меѓу најуспешните факултети не само на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, туку и во земјата воопшто.