Факултетот за туризам и угостителство во Охрид да  се отцепи од вториот универзитет во државава, битолскиот  “ Св Килимент Охридски “ и да прерасне во независен  универзитет е идеја на деканот Софроние Миладиноски. Тој вели дека факултетот веќе не може да дише во овие рамки,имал унивезитетска форма на организирање, а така и дејствувал.

“Ние вели Миладиноски- малку преќутно,малку скриено, ја почнавме трансформацијата на оваа институција во друга форма на образование“.

Миладиноски, кој имал визија од  Охрид да направи универзитетски центар, не  кажа, како конкретно  замислува да функционира  таа образовна институција во која евентуално би се  трасформирал сегашниот факултет за туризам. Деканот зборуваше за самостојно финасирање на институцијата,и потпомагање на битолскиот универзитет.

“Морам да ви кажам дека со  70 % од средствата ќе го финансираме универзитетот во Битола. Еден факултет да финансира а при тоа да не добива ништо, тоа е сепак за размислување“,уверува Миладиноски.

Од министерството за образование, не коментираат дали ни е потребен и  5-ти државен универзитет за неполни 2 години. Толку помина од отворањето на последниот, штипскиот “ Гоце Делчев“ .

Инаку под капата на Битолскиот универзитет,  фунционира факултетот за туризам заедно со уште  10 други во Скопје, Битола, Прилеп, Кичево и Велес. Неодамна, битолски го даде на Уставен суд факултетот за туризам кој без дозвола на универзитетот , самоволно го смени името во Факултет за туризам и организациони науки.

Миладински предвидува дека за 2-3 години ќе се затворат дел од приватните унивезитети каде порано имаше наезда од студенти а сега веќе не. Тој искритикува дека  одлуката за отворањето на одредени студии била пребрза и несозреана.

Росица Голабоска