Португалскиот ас Кристијано Роналдо го постигна одлучувачкиот погодок за Јувентус на гостувањето кај Сампдорија и донесе победа (2-1) и значајни три бодови во трката за титулата во Серија А. Погодок за победа не е ништо ново за Роналдо, но начинот на кој Португалецот го постигна погодок ги заинтригира физичарите да пресметаат колку скокнал, колку бил во воздух и со колкава брзина ја упатил топката во мрежата.

Роналдо во моментот кога ја удрил топката со глава од земјата се одразил 71 сантиметар, а во воздух поминал неверојатни секунда и пол. Топката во мрежата завршила со 76 километри на час. Според физичирате, атлетските способности на Роналдо се фантастични и се граничи со совршенство во модерниот спорт.

Последен пат Роналдо сличен гол постигнал во полуфиналето против Велс на Европското првенство во 2016 година. Роналдо, тогаш, скокнал пет сантиметри повеќе, но во воздух поминал „само“ 0,85 секунди. Интересно е што тогаш Роналдо во мрежата топката ја упатил со 77,8 километри на час и беше помлад три години.

OhridNews