Јувентус е најтрофеен клуб во Серија А со 35 титули, но „црвено-црните“ од Милано ја имаат најдолгата серија без пораз во историјата од италијанскиот елитен клупски фудбал.
„Непобедливите“ на Фабио Капело немаа пораз од 26.05.1991 до 21 март 1993 година. Серијата започна и заврши на Сан Сиро со Парма. Ја отвори Ариго Саки со 0-0 на неговиот последен меч на клупата пред да ја превземе селекторската позиција на клупата на „азурите“.
Низата заврши 58 меча подоцна, а виновник беше Фаустино Асприља кој стрелаше прецизно од слободен удар во „иронично“ 58. минута. Милан на Сан Сиро беше поразен од Парма со 1-0. И покрај поразот фудбалерите на Милан беа испратени како победници тоа беше крај на една серија која до ден денес е најдолга во „Топ 5“ првенствата во Европа.
Перидот без пораз, „росонерите“ го капитализираа со титули во Серија А и Супер купот во Италија.
OhridNews