Бугаринот Петар Стојчев по седми пат победи на Охридскиот пливачки маратон. Во драматичен финиш Бугаринот за дел од секундата беше побрз австралијанецот Брендан Капел кој беше втор и од водечкиот во Генералниот пласман, Штефан Гомез од Франција кој беше трет.

Веднаш зад нив како четврти доплива македонскиот маратонец Томи Стефановски. Најбрза во женска конкуренција беше германката Стефани Билер.


Сенка на маратонот фрли инцидентот по завршувањето на трката кога по вербална расправија победникот Стојчев со колено го удри французинот Гомез. Стојчев во изјава за медиумите рече дека наместо честитка Гомез кон него упатил навреди на што тој реагирал. Гомез негирташе дека го навредувал Стојчев и дека е зиненаден од неговото однесување. Тој најави официјална жалба на однесувањето на Стојчев.

ОПМ и годинава се одржа под покровителство на претседателот на државата Бранко Црвенковски кој прв им честиташе на победниците. Првопласираните во Охрид ќе поделат по 2500 долари, плус бонус за пласманот во генералниот пласман. Победникот на маратонот ќе добие дополнителни 1000 долари кои ги донираше уметникот Мице Јанкулоски.

Ohridnews