Групата „Faith No More“ најавила дека во април ќе објави нов албум, прв после пауза од 18 години. Басистот Бил Гулд се пошегувал велејќи како се надеваат дека нема да звучат како група 50-годишни лица, што и се. Бендот, како што пишуваат електронските медиуми, веќе година и пол работи на албумот.

Групата со турнеи престанала пред неколку годиини. Гулд рекол дека е оделе по турнеи, но работеле на песните, па помислиле да основаат дискографска куќа и на некој начин да ја земат иднината во свои раце. Куќата се вика “Reclamation Records”. Првиот сингл од албумот “Motherfucker” излегува на 28 ноември. Последниот албум групата го објавила во веќе далечната 1997 година.