Водечката социјална мрежа во светот „Facebook“ најави дека наскоро ќе воведе нова алатка за корекција на правописни грешки.
Корисниците ќе можат да ги исправат правописните или печатните грешки, што до сега не беше можно, соопшти социјалната мрежа.
При поставување на содржини во иднина како опција ќе се појавува моливче со чија помош корисниците на „Facebook“ ќе може да ги корегираат веќе објавените постови.