Првиот човек на Фејсбук Марк Цукерберг најави дека социјалната мрежаво 2018 година ќе воведе промени и повеќе ќе се фокусира на интеракцијата помеѓу пријателите, за сметка на објавите на брендовите и вестите.
Овие планови компанијата ги најави уште минатата година како дел од најавената борба против лажните вести.
Според најавите Фејсбук ќе изврши промени во алгоритмите на својата платформа, така што во прв план ќе бидат објавите на индивидуалните лица и нивната комуникација со пријателите, додека објавите на брендовите и издавачките куќи ќе бидат во втор план, се разбира доколку истите не платат пари со што нивните информации ќе бидат пласирани кон повеќе корисници.
Голем број компании својата работа ја темелат на објавите на Фејсбук, така што веднаш почнаа критики дека зад промените кои ги најави најпосетуваната социјална мрежа со околу две милијарди корисници, всушност се кријат намери за поголема заработувачка преку таканаречените платени објави.
Како ќе изгледа Фејсбук со најавените промени во 2018 година останува да се види.
OhridNews