Социјалната мрежа Facebook од поодамна на различни начини ги следи своите корисници, а од сега ќе следи и кои продавници тие ги посетуваат.
Целта на Facebook е да им докаже на клиентите дека нивните реклами навистина потикнуваат да ги посетуваат продавниците и купуваат нивните производи. Следењето на корисниците е овозможено за сите оние кои на своите уреди ќе ја имаат вклучено опцијата за следење и инсталирана апликацијата Facebook.
На овој начин компаниите ќе можат да следат колку често луѓето кои се изложени на нивните апликации на Facebook ги посетуваат нивните продавници. Сепак треба да се напомене дека нема да го следат нивното индивидуално движење.
Оваа опција е веќе тестирана, а ќе се имплементира наредните месеци.
OhridNews
Извор:Zazabava.com