Најголемата светска интернет страница за социјално вмрежување Фејсбук во средата ќе одржи презентација на нова функција која основачот и извршен директор Марк Цукерберг ја опиша како „нешто неверојатно“, јавува „Макфакс“.

Претставниците на Фејсбук ја чуваат новината во најстрога тајност, но шпекулациите за новиот сервис веќе протекоа на интернет и предизвикаа бурна дискусија.

Според техноблогот ТechCrunch, најверојатно Фејсбук ќе го претстави сервисот видеочат, развиен во соработка со интернет телефонијата Skype што ќе функционира како браузер.

Сепак, ова е само една од верзиите, и можно е Фејсбук да претстави нешто поразлично. Според Цукерберг, проектот го развивал персоналот од канцеларијата во Сиетл. Оваа потфункција на Фејсбук, како што пишува TechCrunch, е ангажирана во мобилните платформи, па можеби станува збор за еден нов проект поврзан со мобилните апликации.

Одделно, од различни извори се наведува дека Фејсбук ја подготвува своја примена за таблетoт Apple iPad. Сепак, TechCrunch мисли дека е малку веројатна оваа идеја да биде претставена во среда.

Фејсбук и надворешни програмери веќе неколку месеци работат на проектот Spartan, кој претставува мобилна апликација врз основа на веб стандардот HTML5. Но овој проект ќе биде подготвен, според извори на TechCrunch, не порано од средината на јули.

Уште еден веројатен претендент да се најде во ролјата на „неверојатниот проект“ е мобилната платформа на Фејсбук за работа со фотографии, за што претходно на самата мрежа се јавија одредени информации.

 Дали во среда може да биде претставен заедничкиот проект на Фејсбук и рускиот мобилен оператор „VIMPELCOM“ (брендот „Балајин“), исто така е една од можностите за утрешната презентација која се чува во најголема тајност.

Според TechCrunch, бројот на корисници на Фејсбук во јуни надмина 750 милиони луѓе. Во мај, според интернет страницата Socialbakers.com, Фејсбук надмина 700 милиони корисници. Сегашната вредност на компанијата, според инвеститорите достигнува 70 милијарди долари.

OhridNews
извор: „Макфакс“