Социјалната мрежа Facebook се слична на заразна болест, се рашири и сега е на пат кон искоренување, па би можел да загуби дури 80 отсто од своите корисници до 2017 година, се вели во студијата спроведена од двајца докторанти на американскиот универзитет Принстон, пренесува „Макфакс“.
Двајца идни доктори на науки велат дека оваа најголема социјална мрежа во светот, којашто во февруари ќе одбележи десет години од постоењето, ќе доживее огромен пад на корисниците. „Докажано е дека идеите, како и болестите, се шират како зараза меѓу луѓето, а потоа умираат“, велат Џон Канареља и Џошуа Спечлер
Засновајќи ги своите заклучоци на прогресијата и падот на мрежата MySpace, претходникот на Facebook, двајцата докторанти велат дека Facebook својот врв го имал во 2012 година и дека ќе се соочи со брзо пропаѓање. „Facebook ќе се соочи со брз пад во годините коишто доаѓаат, и до декември 2014 бројот на неговите корисници ќе падне за 20 отсто во однос на максималниот број“, пишуваат двајцата автори коишто оценуваат, исто така, дека оваа социјална мрежа би можела да загуби „80 отсто од корисниците, во однос на максималниот број, меѓу 2015 и 2017 година“.
Досега, според сите параметри, Facebook е во добра кондиција, а на својот основач 29-годишниот Марк Цукенберг бу донесе богатство коешто е проценето на 19 милијарди американски долари.
OhridNews
извор:„Макфакс“