Фудбалерот на Вулверхемптон, Раул Хименес е во добра и стабилна здравствена состојба, после итната операција на главата, инфомираат од „Скај Спорт“. Мексиканскиот фудбалер го извлече подебелиот крај во дуелот со Давид Луиз, за време на мечот помеѓу Арсенал и Вулверхемптон на „Емирати“ стадионот.
29-годишниот фудбалер на носилки го изнесоа од теренот, а веднаш беше пренесен на болница. Во една од болниците во Лондон бил експресно опериран поради тежината на повредата.
Хименес е опериран и се ноаѓа на интензивна нега. Тој е добар и ќе помине одредено време под лекарски надзор. Сакаме да им се заблагодариме на докторите од Арсенал и болницата каде го оперираа и згрижија нашиот фудбалер, – се вели во соопштението од Вулверхемптон.
ФА покренува истрага против Кавани
Фудбалската федерација на Англија (ФА) ќе покрене истрага против фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани поради дискриминација или говор на омраза на социјалните мрежи.
Имено, Уругваецот со два погодоци и асистенција, беше клучна фигура во триумфот со пресврт на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Саутемптон. Кавани, после натпреварот, на социјалните мрежи постави фотографија на која пишуваше „благодарам црнчо“. Тој во објаснување потоа кажа дека тоа имало друго значење, но ФА започнала со истрага и најверојатно ќе покрене постапка.
Максималната казна за Кавани, во случај да биде означен како претстапник на правилата за дискриминација или говор на омраза, се три натпревари.
OhridNews
Кавани ги разигра „ѓаволите“, за триумф со пресврт против Саутемптон (видео)