Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во 1/4 финалето во ФА купот, совладувајќи го Вест Хем со минимални 1-0, после дополнителни 30 минути продолженија.
„Црвените ѓаволи“ отпорот на гостите од Лондон го скршија во продолженијата, откако во регуларниот дел заедно со судиското продолжение „чеканите“ ги затворија сите приоди кон голот. Џокер на домаќините беше Скот МекТоминеј. Шкотланѓанецот реализираше во 98-та минута на асистенција од Маркус Рашфорд.
Во преостаниот меч вечерва Бурнмаут зеде премиерлигашка жртва, победувајќи го Барнли со 2-0.
Натпревари од осминафиналето во ФА купот има во среда и четврток.
- Резултати:
Барнли – Бурнмаут 0-2
Мен Ју – Вест Хем 1-0
OhridNews