Тимот на Лидс е втората премиерлигашка „жртва“ во третата рунда од најстарото клупско натпреварување во Англија, ФА купот. „Белите“ од „Иланд Роуд“ се посрамотија на гостувањето кај четвртолигашот Кроули, кој славеше со убедливи 3-0.
Кроули сензационалната победа и пласман во четвртата рунда во ФА купот ги обезбеди со добар перформанс во одбрана во првиот дел и маестрална игра во напад во второто полувреме. Лидс не успеа да го скрши отпорот на Кроли, кој максимално ги искористи приликите и со три голови го фрли на колена големиот фаворит.
За Езџан Алијоски дуелот со Кроули беше 150-ти во дресот на Лидс но дефинитивно ќе треба што побрзо да го заборави.
- Резултати:
Барнсли – Транмере 2-0
Бристол Сити – Портсмут 2-1
Челси – Морекомб 4-0
Челтенам – Манфсилд
Кроули – Лидс 3-0
Манчестер Сити – Бирмингем 3-0
OhridNews